6.8 C
Skopje
петок, јануари 31, 2025
spot_img

Избришете ги брчките со…

Обидете се да си посветите доволно внимание и на тој начин да го елиминирате сушењето на кожата, што се јавува како резултат на сончевите зраци. Ви даваме неколку идеи и совети како да подготвите маска за вашиот тип на кожата.

Маска која ги елиминира брчките
Подгответе ја познатата италијанска маска против брчки, од портокал и маслиново масло. Неа ја препорачуваат италијанските жени, пред се поради блескав и младешки изглед.
Начин на подготовка
Исцедете го портокалот, а кората изрендајте ја. На тоа додадете две лажици маслиново масло. Смесата нанесете ја на лицето и вратот. Вишокот од смесата отстранете го со памук.
Дејство
Маслиновото масло има сличен состав како и природното, што придонесува вашата кожа да стане мека и чиста. Оваа маска е подеднакво добра како за сува, така и за мрсна кожа. Портокалот содржи витамин Ц, што ја јакне влакнестата структура на кожата и го продуцира колагенот, додека киселоста од портокалот ја ослободува кожата од мртвите клетки и ја прави нежна.

Маска за проблематична кожа
Маската за осетливата кожа подгответе ја така што ќе измешате две лажички обичен крем за лице со една лажица маслиново масло и неколку капки сок од исцеден портокал. Добиената смеса нанесете ја со помош на четкичка за лице, но избегнете го пределот околу очите. Вишокот нежно отстранете го со памуче.
Фото- Myskin blog

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена