Овој викенд во салата на Природно Научен Музеј во Скопје, Здружението за заштита и одгледување на птици Славеј – Скопје го организираше 26. Орнитолошки Шампионат на Македонија.
На изложбата беа претставени птици од Македонски одгледувачи на канарии во боја, канарии на стас, егзоти, фаун на Европа, бастарди, папагали , украсни гулапчиња и потполошки, преку 850 примероци на птици а посетеноста беше навистина голема.
Здружението за заштита и одгледување на птици Славеј – Скопје по повод јубилејната, 50-та година од своето постоење се погрижи манифестацијата да ја претстави на највисоко ниво и да одвои неколку плакети за почесни членови и членови кои дале допринос сите овие години за опстојување и унапредување на Здружението. За таа цел за успешните одгледувачи на птици беа поделени 30- тина пехари и околу 300 медали за 1,2 и 3 то место.
Еден од поуспешните учесници на овој настан Горан Михаилоски, член на Здружението за заштита и одгледување на птици Славеј – Скопје, со своите преубави примероци на егзотични птици се натпреваруваше во три секции – F1 Доместифицирани егзоти, F2 Недоместифицирани егзоти и О,P Украсни Гулапчиња и Потполошки.
Махаилоски освои два пехари во две од трите секции, седум златни медали за освоени први места, пет сребрени за втори места и две медаљи за освоено трето место.
Пасијата за ова хоби како што Горан го нарекува, дошла пред три години, при посета на својот пријател Марјан Наумовски, исто така одгледувач на папагали од различни видови.
„Љубовта кон природата и животните постои отсекогаш, постојано имало некакво милениче во мојот дом. Кога ги видов тие прекрасни птици кои неможе да се видат во продавниците за животни, просто занемев. Со тек на време почнав да посетувам домашни и интернационални изложби на птици и решив да набавам за себе. Најдобрите примероци ги набавив од Милош Вучковиќ од Србија и, со негова помош и помош од Марјан Наумовски и Дане Даневски научив многу.
И изминатата година во Тетово и сега во Скопје се закитив со повеќе пехари и медали. Ќе продолжам и понатаму да се обидувам да го одржувама високото ниво и европскиот квалитет во одгледување на птици и се надевам дека ќе има уште многу успешни години. Ова хоби секојдневно ми дава спокој, ме исполнува и ме прави среќен”, заврши Михаилоски.
Коментарите се затворени