Имате ли зимска депресија?
Кратки денови, недостаток на светлина и сивилото, влијаат врз менталното здравје, а најчестите симптоми на депресија се долготрајна потиштеност, опаѓање на концентрацијата, губење интерес за она што некогаш не` усреќувало, промени во апетитот, замор, несоница, немирен сон…Без оглед на причината, депресијата не е само состојба на умот, таа е комбинација на биолошки, генетски и психофизички фактори.
Еве неколку добри совети кои моментално ќе ви го подобрат расположението.
Активното занимавање со вежбање, спортување ќе ја спречи појавата на лоши мисли, анксиозност, бидејќи при вежбањето, мозокот го испушта т.н. хормон на среќа.
Психичка активност, исто така, помага. Важно е да се занимавате со активности кои го окупираат мозокот. Може да се работи за шах, играње карти, решавање крстозбори…
Поддршката од пријателите е многу важна. Трудете се повеќе да се движите во друштво. Танцувајте. Но, немојте да заборавите на добриот и редовен сон. Колку повеќе престојувате во природа или на отворено, толку подобро. Доколку немате таква можност, осветлете ја просторијата и редовно проветрувајте го просторот каде што го минувате времето.
Кантарион, чај од него, е најдобар природен лек против депресија. Неговите жолти лисја ја претставуваат моќта на сонцето, а нејзиниот антидепресивен ефект е многу ценет.
Бидете благодарни
Напишете ги на хартија работите поради кои би требало да сте задоволни. Тоа може да биде семејството, пријателите, работата или нешто сосема трето.
Појадувајте
Дозволете си себеси добар појадок и исфрлете го кафето.
Слушајте музика
Докажано е дека добрата музика го подига расположението.
Гледајте убави луѓе
Најдобро во живо, но може и на слики, гледајте згодни и убави луѓе. Така сигурно ќе имате причина за среќа.
Редовни оброци
Јадете редовно за да може вашиот мозок да функционира нормално.
Намалете ги обврските
Едноставно, оставете време за себе.
Порано одете во кревет
Повеќе сон ќе ве смири и ќе ви помогне подобро да донесувате одлуки.
Намалете ја белата храна
Брашно, шеќер и сол не се здрави, а и лошо влијаат врз расположението.
Фото: pixabay
Коментарите се затворени