ИМАТЕ 40, И СИНГЛ СТЕ : КОГА ЌЕ РЕЧЕТЕ „ДА“, ТОА ПОВЕЌЕ ТЕЖИ
1. Можеби мајка ви е разочарана, но Вие не сте. Животот ви е полн со неверојатни можности и потенцијали. Освен тоа, знаете дека сте силна. Научивте да кажете „не“, па кога ќе речете „да“, тоа повеќе тежи.
2. Имате време да се разгалите, тоа е вистински бинго. Еве денес, целото попладне можете да го поминете на тросед, читајќи книга или гледајќи добар филм, без да се карате за далечинското. Потоа можете да изедете од убавото чоколадо. Само заради сопствениот ќеф… Викендот ви е веќе испланиран. Мераци.
3. Пријателките ви завидуваат на независноста и слободното време. Се разбира, јасно ви е дека во разговорите со својот партнер ве сожалуваат. Ама чекајте- тоа е само за да го убедат сопругот дека „самотијата е страшна“, веројатно плашејќи се за својата иднина.
4. Вашите пријатели ве „удираат“ по џебот – започна со венчавката, продолжи со бебешките подароци и сега имате цел куп нови родендени во тефтерот. Ама никој не ви се лути кога ќе измислите „корисна лага“, за отсуство од детски роденден.
син
5. Знаете како изгледа вечера со себе си и какво е чувството да ја изедете сами. Но, тоа ви го изострува вкусот и чувството на препознавање. Кога ќе наиде „тој“, времето нема да го трошите на глупи докажувања. Исто така, знаете како е да се ужива во чаша убаво вино, испиено на раат, кога не треба да се прават три одделни сендвичи.
6. Не треба да се грижите што мисли некој друг и нема потреба постојано да прашувате: „Дали мојот задник изгледа голем во ова?“ Се сакате себе си.
7. Ретко ве канат на вечери бидејќи го нарушувате редоследот на седење а туѓите мажи често ве загледуваат и разгледуваат. Ја знаете целата приказна. Ама, ако сепак сте на некоја вечера, многу често до вас „случајно“ седи сингл маж, и сите ве шпијунираат- преку полупразните чаши. Ако ви се погоди соговорникот и уште ако се „фатите“- ете уште една нова приказна која ќе се раскажува до крајот на животот.
8. За вас повеќе нема тајни. Дишете со полни дробови, имате свој стил и свој буџет. И не се согласувате на фарса каде сопружниците постојано се озборуваат и изневеруваат. Животот допрва почнува.
9. На вашите пријателки им светнуваат очите кога им ги раскажувате додворувањата и пораките на додворувачите. Среќата е најубава додека се чека, а често слушате- „што би дала да сум на твоето место.“
10. По лудо помината ноќ со другарки и утрото е мамурно, и сега не треба да се криете и преправате дека сте метеропат, и поради тоа главата ве боли.Не морате ништо, во тоа е убавината.
11. Не се нервирате што „го нема“, и не се прашувате „каде и зошто заглавил“. Не се штрекате на секое трескање на лифтот, си спиете како кралица и целиот кревет е – за вас.
Фото- Pexels
Коментарите се затворени