Омега-3 и омега-6 масните киселини од риба го подобруваат успехот на децата во училиште, влијаат врз нивната способност да читаат, спелуват и да се концентрираат, пишува „Дејли мејл“. Студијата ја спроведе нутриционистот д-р Ема Дурбсиер и научници од Универзитетот во Јужен Велс – анализираа 29 студии од последните пет години во кои децата добија различни количини на масни киселини. Од нив 22, кои вклучуваат над 3.000 деца, покажаа извонредни придобивки за учење, концентрација и однесување.
„Имајќи предвид дека околу 60% од човечкиот мозок е составен од масти, има логика да претпоставиме дека нивото масти во телото влијаат врз функциите и претставувањето на мозокот”, рече експертката.
„Истражувањето јасно покажа дека со земањето на омега-3 и омега-6 масни киселини има позитивен ефект врз децата и нивната способност да читаат, спелуват, да се однесуваат добро и да внимаваат. Овие додатоци помогнаа при намалувањето на хиперактивноста и агресијата “, додаде таа.
Според научниците омега-3 и омега-6 се погодни за деца кои се соочуваат со тешкотии во училиште и за оние кои страдаат од хиперкинетичко растројство.