Интересна пита со три фила
Потребно е: 500 г готови кори за пита
Прв фил:
3 јајца, 1 филџан јогурт, масло за јадење, газирана вода, палента,
1 прашок за печиво,1 лажичка сол
Втор фил:
200 г сирење
200 г обарен, сечкан спанаќ
Трет фил:
200 г кашкавал
200 г сечкани печурки
2-3 лажици кисела павлака
Секој фил направете го посебно и почнете да ги редите корите на следниот начин.
Првата кора попрскајте ја со 1-2 лажици од првиот фил. Врз неа ставете втора кора, попрскајте ја со вториот фил. Потоа направете и трета кора и сите свиткајте ги во ролат. Постапката треба да ја повторите неколку пати.
Откако ќе ги потрошите корите, одозгора полијте ги со кисела вода и масло,и богато нарендајте кашкавал.
Коментарите се затворени