Ирис Апфел: 97, па што?
Познатата американска дизајнерка и колекционерка Ирис Апфел, со години привлекува внимание со својата авнентичност. Вели – не е староста за секој, особено не за слабаци“, гордо истакнувајќи дека има 97 години. „Да родена сум 1921, па што? Ви се верува ли?“
Потоа, таа никогаш не дава многу пари за облека, слаба е на фармерки и за нив не троши повеќе од 25 долари: „Затоа што фармерките толку чинат, Но, стилот не се купува со пари, богатите дами никогаш не се облечени така добро како оние со поплиток џеб а многу фантазија“.
Ирис многу често својата уникатност ја надградува по пазари и second hand продавници. Претпознатлива е по своите огромни очила, шаренило од облека и крупен накит. И наа таа тема Ирис, без комплекси истакнува: „Ако не сте посебно убава, привлечете внимание со накит- нека биде крупен, најкрупен, нека биде невообичаен а него ќе го најдете на невообичаени места.“
Досега Ирис учествувала во неколку преседателски дизајнерски кампањи, според „Гардијан“, многупати пати досега била прогласувана за најдобро облечена жена.
Оваа најстара икона на стилот, заштитно лице е на Kate Spade New York, има напишано неколку книги за мода и стил, документарец за неа задолжително треба да се погледне а, нејзините обожаватели си ја имаат Ирис, како кукла.
Едноставно, Ирис не може да се имитира.
Фото: www.charismaspheres.com
Коментарите се затворени