5.8 C
Skopje
четврток, јануари 30, 2025
spot_img

Истатов ја загуби битката со болеста, беше светски голман

Три години ја водеше битката со болеста.  Имаше канцер на грлото, кој се прошири. Бевме со него од првиот ден, кога му ја дијагностицираа болеста и сите години кога ја водеше борбата. И за цело време не попушти со духот. Остана каков што беше, позитивен до крај. Вака блиски пријатели на голманската легенда Благој Истатов раскажуваат и додаваат- има луѓе  кои се популарни додека работат, но тој остана познат и популарен до крај, а така ќе биде и понатаму бидејќи легенди како него не се забораваат. Од него денес се простуваат сите, и во Македонија и во Србија и во Холандија. Одамна се збогува со професионалниот фудбал, но остана во спортот до крајот на животот и придонесе многу. На официјалните страни на ФК „Утрехт“  од Холандија се збогуваат од Истатов. Исто е и на сајтот на „Партизан“.

 

-Од 1976 до 1978 беше голман на „Утрехт“ и стана омилен кај публиката, пишува меѓу другото во текстот на ФК „ Утрехт“.

Партизановци исто така со пофални зборови се збогуваат со Истатов.

-Имаше извонредни човечки квалитети. Голем Партизановец и сите овие години одржаваше контакт.  Често доаѓаше на стадион да гледа натпревари на „Партизан“. Нашите млади селекции одеа на подготовки кај него во Дојран и срцето му беше полно, бидејќи неговиот „Партизан“ му доаѓа на гости. Благоја, голем човеку, почивај во мир и нека ти е вечна слава, пишува на нивниот сајт.

Само пофални зборови за Истатов имаат и многу негови колеги и фудбалери на кои им бил тренер. Еве дел од неговите спортски пријатели:

Љупчо Марковски- Калц

Легенда во вистинска смисла на зборот. Човек кој настапувал за најдобрите клубови кај нас  и во поранешна Југославија. Бранел во една од најсилните лиги во Холандија. Тоа е доказ дека бил светска класа на голман. Сум имал чест да ми биде тренер во репрезентацијата на Македонија каде што сум ги видел неговите човечки квалитети и вистински познавање на фудбалот и фудбалската игра. Со неговото заминување македонскиот фудбал загуби многу во секој поглед.

Ѓоко Хаџиевски

Хаџиевски и Истатов

Имам многу за зборување и не знам како сите години поминати заедно да ги кажам на кусо. Многу време бев со него. Многу имаме поминато. Тој е еден од најпопуларните спортисти во Македонија, на сите времиња. Имаше богата играчка кариера, беше тренер во златното време на „Беласица“ и седум години ми беше помошник тренер во „Вардар“ и во репрезентација на Македонија, каде ги постигнавме најдобрите резултати. Ми беше помошник во Костур во Грција. Тој е тренерскиот. Но, покрај ова до крајот на својот живот беше познат како најдобар угостител, тоа што го направи со неговиот спортски хотел, ни приближно не се направи таков комплекс во Македонија за сите овие години. Му доаѓаа екипи од Македонија и странство на подготовки. Кога ќе се каже за некој се калкулира на 10 или 15 години на  неговиот играчки век, но Благоја е цел живот популарен. Икона. Легенда. Вистинска легенда, која трае многу години и ќе трае. Губиме една омилена фигура  во Македонија. Јас лично изгубив многу близок другар. Сме биле како браќа од 1980 до последниот ден. Сам за себе не можам толку добро да си кажам како што он кажа за мене. И обратно. Светот го прошетавме заедно. Како фудбалер и играв против него. Последно, пред  два месеци бевме кај него заедно со наши фудбалски другари и генерациски другари и направивме дружење и сега можам да кажам навистина тоа ни беше како последна дружба. Беше за болеста, но правеше планови и не пропушти да каже дека подготвува нова иницијатива. Во таква состојба да направиш такви планови значи дека е човек полн со енергија. Благодарен сум му за многу внимание и задоволство што ги направи. Голема загуба за мене како човек, голема загуба за семејството и за голема,  армија луѓе кои беа со него и секако голема загуба за Македонија.

Слободан Мутибариќ

Јас како долгогодишен фудбалер и денес тренер на голманите во „Вардар“, Благој го запознав прво како одличен човек со голема харизма која ја ширеше меѓу нас. Македонија денес изгуби една голема фудбалска легенда, која неизмерно помагаше во сите сегменти на македонскиот фудбал а последните години покажа и како се вложува во женскиот фудбал, каде со малиот дојрански клуб  ЖФК „Истатов“ стана и првак на Македонија. Почивај во мир Благоја, секогаш ќе те паметам како насмеан и добар човек.

Саша Кириќ

Не напушти едно големо име, но пред се човек со големо срце и душа.  Истатов дефинитивно остави голем траг во македонскиот и југословенскиот фудбал, и беше препознатлив бренд секаде каде ќе се појавеше.  Секогаш во сеќавање ќе ми остане нашата професионална соработка, но пред се нашите приватни дружења. Легендата замина во легендите, но неговото име вечно ќе сјае на нашето фудбалско небо.

Вујадин Станојковиќ

Изгубивме не само  голем спортист туку и голем човек.  Не само мак фудбалот туку и Ју. Со него ме врзуваат убави спомени не само заради фелата, туку остави голема трага во партизан каде играв и јас 4 години. И денес големи пријатели од партизан од вардар од мак репрезентација и мак фудбалот воопсто.Човек кој зрачеше со позитивна енергија, секогаш спремен за разговоро, да помогне и за фудбалот. Не само на клубовите туку и на помладите. Вечно ќе живее во нашите срца, зашто таква легенда си заминува само кај легендите.  (В.Миленковска)

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена