Како да не се здебелите во зима?
Ако ви се чини дека јадете повеќе во зимскиот период, чувството не ве лаже – зимата навистина влијае врз нашиот апетит. Меѓутоа, не грижете се, постојат начини како да го држите апетитот под контрола.
– Не заборавајте на ужина. За да не прегладниме, па да не знаеме да престанеме со јадење и за да го одржиме нивото на шеќер во крвта. Одбегнувајте сокови, слатки и разни грицки. Полни се со шеќери, масти и јаглени хидрати, калориски бомби кои дебелат. Особено се опасни за децата.
– Пронајдете здрави рецепти. Речиси секое калорично и силно јадење може да се приготви и на алтернативен начин користејќи помалку калорични продукти. На пример, ако сакате пица, нека биде диетална.
– Направете план на физички активности. Напишете на хартија се` што можете да работите надвор или внатре. Планирајте го шопингот како физичка активност. Играјте со децата, носете го кучето на прошетка, правете се` што ќе ви помогне да потрошите калории, наместо да седите дома.
– Регулирајте ја температурата во вашиот простор. Ако имате сопствено греење на работа или дома, зголемете ја температурата, изолирајте ги прозорците и вратите.
– Облекувајте се според временската ситуација. Не излегувајте надвор слабо облечени, нека облеката ви биде слоевита и во согласност со времето. Во спротивно, може нагло да ви се пријаде додека сте надвор.
Фото- Pexels
Коментарите се затворени