Капа, вашиот адут оваа зима
Кога температурите ќе се спуштат под нула, со палта и јакни можете да комбинирате топли, пријатни и интересни плетени капи. Онакви какви што ги плетеа нашите баби, со топчиња на врвот, шарени, со некои други детали, ама и едноделни шал-капи, авијатичарски модели, и секако баретки.
Судејќи според колекциите на светските дизајнери, во одбирањето на боите и метеријалите границите не постојат. Вие определете се за капа што ќе одговара на обликот на лицето и бојата на очите и тенот.
Жените што уживаат во вештачко крзно, без оглед на трендовите, оваа зима конечно ќе можат да уживаат во овој моден детал.
Коментарите се затворени