Карамел сендвичи со јаготки
Потребно е: за бисквитно тесто – 150 грама брашно,100 грама путер, 300 грама шеќер во прав, сол, 1 жолчка, 600 грама јаготки, 100 грама шеќер и 1 слатка павлака.
За бисквитното тесто измешајте го брашното, путерот, шеќерот, жолчката и малку сол. Развлечете го тестото и направете 4 бисквити (10 см) што ќе ги печете 20 минути. Во меѓувреме, стоплете ја павлаката со 4 лажички вода. Штом ќе зоврие, тргнете ја од шпоретот. Од шеќерот направете карамел и ставете го во павлаката. Во таа смеса додадете ги јаготките и потоа редете ги на бисквитите.
Фото- Pexels
Коментарите се затворени