Американски кардиолози од Националниот центар за биотехнолошки информации утврдиле дека за да се постигне совршен оргазам не се потребни секс играчки, афродизијаци, здраво срце и издржливост. Лекарите велат дека од здравјето на крвните садови директно зависи сексуалниот живот – колку повеќе крв доаѓа во срцето, толку подолг е половиот акт и посилни се чувствата, пишува Greatist.
Врз основа на истражувањата на активноста на кардиоваскуларниот систем направен е заклучок дека здравите артерии можат да испумпуваат од три до пет пати повеќе крв за време на секс. За да се зголеми времетраењето на сексуалниот чин, научниците советуваат да се прилагоди исхраната: диета која се состои главно од масти и јаглехидрати.
Нискомаслената храна, овошје и зеленчук кои се богати со антиоксиданси, ја зголемуваат издржливоста, и овозможуваат сексуалната желба да трае дури по неколку часа.