Изборот на кармин може да открие многу работи- вашите слабости и тајни, што сакате да истакнете, што да сокриете…
Светло розова
Сте го зачувале детето во себе. Во однос со луѓето сте срамежливи а во однос кон животот- тивки и скромни. Не сакате да сте во центарот на вниманието. Мажите ве сакаат бидејќи делувате незаштитено и нежно.
Силно розово
Без оглед кои се нијансите, тој кармин покажува дека имате желба да бидете забележани. Несигурни сте, но не сакате да го признаете, затоа и карминот е вашата маска.
Црвено
Огнените усни се секси. Жените кои ја сакаат оваа боја се социјално освестени, борбени, готови да го направат своето. И велат, многу се темпераментни во кревет.
Темно црвена
И оваа боја е секси, но покажува повеќе зрелост и став. Оваа жена знае што сака и како да го постигне тоа. Таа е сигурна во себе, има здрави навики и води здрав начин на живот.
Корал
Нежна и женска боја. Овие персони имаат смисла за хумор, се забавуваат и се опкружени со многу луѓе. Тоа не значи дека се површни и лесни. Напротив, кога го даваат своето срце, тоа е засекогаш.
Портокалово
Дрска и жена подготвена да ги превземе сите ризици. Не ги сакаат мрачните луѓе и не се чувствуваат добро во нивната околина.
Кафеава
Умни и најсамоуверени од сите спомнати карактери. Знаат колку вредат, сакаат директен контакт и ги мразат советите.
Виолетова
Ова е боја на мистериозни жени: повеќе кријат отколку што откриваат. Тие можат д бидат слатки, забавни, драматични и провокативни. Зависи која улога ќе ја изберат.
Сина
Изгледа ексцентрично, но има жени во зрели години кои ја сакаат оваа боја. Тоа значи тежок карактер, силна и студена жена.
Црна
Боја на „вештерки“. Не сакаат да живеат по правила, освен ако самите ги создадат. Чувствителни и креативни. Големи иноватори се овие „вештерки“.