11.6 C
Skopje
петок, март 14, 2025
spot_img

Кики Лесендриќ на „Охрид фест“: Моите песни мирисаат на вистина, затоа траат


Кики Лесендриќ
, една од иконите на српскиот рокенрол звук во 80-тите и 90-тите години на минатиот век, ќе настапи на Интернационалната вечер (3 септември) на 29-тото издание на „Охрид фест“. Евергрините „Свет је леп када сањамо“, „Заборављени“, „Као птица на мом длану“.., ќе ја потсетат македонската публика на нежните балади и специфичната боја на гласот на Лесендриќ.

Кики, каде ве наоѓам моментално, и што вообичаено правите во овој летен период?

– Моментално сум на Санторини во Грција, но бргу се враќам за Белград, па почнувам со јулските концерти. Воглавно, преку лето сум на Закинтос, а се враќам за концерти.

Македонската публика ќе има можност да ве види и слушне на „Охрид фест“. Откога не сте биле кај нас, имате ли убави спомени од Македонија?
– Не сум бил во Македонија навистина долго. Но, во еден период со „Пилоти“ свиревме многу кај вас, мислам, сигурен сум дека скоро и да не постои место каде не настапувавме. Се надевам дека новиот албум на есен, повторно ќе не донесе во Македонија, дека повторно ќе свириме, и тоа ќе го правиме со посебно задоволство.

Од вашето богато музичко и животно искуство- како автор, пејач, продуцент, ментор.., кој период го сметате за најважен? На што сакате да се сетите?

– Секоја од тие станици мене ми е драгоцена. Почетокот во 1981 година е како прв бакнеж во училиште. Понатаму навистина имаше различни периоди, од луди 80- ти па се до војната, моето заминување за Грција и подоцнежното враќање со албумот „Месец на вратима“. Многу години се зад мене, но некако сеуште сакам да снимам и да сум на сцена.

Има нешто романтично и доследно во вашата музика. Дали создавањето на песни, после толку искуство е работа на занаетот или сеуште „она нешто“ доаѓа инспиративно?

-Песните што ќе го преживеат тестот на времето во себе секогаш носат нешто што публиката го смета за веродостојно. Па и да е фикција или фантазија, желбата по и за вистинското, ја прави посебна. Секогаш сакам песните да ми мирисаат на вистина. Некако и тоа го доживував во песните со кои растев.

Велат дека славата знае да биде поопасна од сите други зависности. Како тоа да не ве „оштетила“ досега?

-Човек што не знае да прифати пораз и од него нешто да научи тешко може да се носи со слава. Знам дека се е минливо па и популарноста. Затоа и живеам како што живеев секогаш, и се дружам со луѓе кои ме прават среќен. Насмевка на лице и со глава низ ѕид!

Вања Тодоровска

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена