Колачиња за мерак
Рафаело топчиња
Потребно е: 200 г путер, 100 мл вода, 200 г кокосово брашно (плус 50 г за валкање), 200 г фруктоза, 200 г млеко, 50 г бадеми.
Приготвување: путерот, водата, фруктозата и млекото ставете ги во сад и проварете. Додадете го кокосовото брашно. Тргнете од оган и оставете да се излади. Од разладената смеса извадете дел со лажица, развлечете ја со раце и во средината ставете бадем, па направете ја како точе. Извалкајте во кокосовото брашно и вашето Рафаело топче е готово!
Колачиња со анасон
Со миксер се матат 2 јајца и 250 г шеќер, потоа една лажица рум, 1 лажица мелен анасон и сосема малку сол. Брашното се додава по малку, се додека тестото не добие компактна смеса. Се развлекува на дебелина од 2,5 милиметри, се сече во облик на срце и се посипува со семето од анисонот. Така направени срцата се сушат на собна температура околу 12 часа, а потоа се печат околу 15-20 минути на 150 Ц степени.
Безглутенски колач со боровинки
Потребно е: 500 г боровинки, 5-6 лажици шеќер, 85 г безглутенско брашно, пола лажичка цимет, прашак за печиво, 4 јајца, 400 мл млеко од кокос, шеќер во прав.
Приготвување: Измијте ги свежите или одмрзнати боровинки и помешајте ги со шеќерот. Наредете го во подмачкано тавче. Брашното измешајте го со циметот, шеќерот и прашокот за печиво. Лесно изматете ги јајцата, додадете кокосово млеко и измешајте ги со брашното за да се добие густа смеса како за палачинка. Истурете преку овошјето и печете во рерна на 200 степени околу 40-45 минути.
Фото: Pexels, Pixabay
Коментарите се затворени