9.8 C
Skopje
петок, јануари 31, 2025
spot_img

Колумна: Креирам, живеам – Ослободи се од нередот во душата, менувај ја реалноста

Да поседуваш материјални богатства без внатрешен мир во себе си е исто како да умираш жеден бањајќи се во вода. Да се пронајде и ужива во внатрешниот мир е прекрасно чувство но, тешко е да се достигне.
Поедноставувањето на животот би требало секоја личност да си го направи согласно со своите вредности и ставови, цели што сака да постигне во животот.Тоа значи – да си го посветиш времето, внимането и енергијата само на тоа што ти е тебе најважно.
Тоа не е лесен процес.Тоа е патување, не е дестинација, и тоа би можело да биде два чекора напред еден назад. Биди трпелив. Тоа значи да се ослободите од многуте работи што ги правите за да можете да поминете време со луѓето што ги сакате и да ги направите работите што ги сакате.
Тоа значи да се ослободите од нередот, така што останувате само со она што ви дава вредност.
Откриј што е за тебе најважно, не што другите очекуваат од тебе, не да им се угодува на другите околу нас. Пронајди ја страста во тоа што го работиш, ако не си среќен со работата, ако ја доживуваш како секојденвен стрес, мачнина и притисок менувај ја таа реалност.
Разговарај сам со себе секојдневно и поставувај си ги најважните, најболните но и најпровокативните прашања. Прашања од кои можеш да прогледаш, да се откриеш себе си и да си кажеш сопствената вистина која треба да ти биде водилка во сопственото редизајнирање. Што сакам јас ? Во што сум најдобар? Кои нешта ме прават среќен? Кои се моите приоритети?Дали учам секојдневно? Ги правам ли другите околу мене среќни? Дали кажувам убави и љубезни зборови?
Вреднувај ги работите, настаните и луѓето со кои си опкружен, биди благодарен за се што имаш, секогаш одбирај си пријатели кои те подржуваат во се што правиш, макар и да е погрешно. Избегнувај ги критизерите, озборувачите и негативните луѓе, тие ја бијат сопствената битка, бараат љубов и внимание, незадоволни се самите од себе си. Поедноставувај си ги секојдневните предизвици, не се грижи и обвинувај за минатото, тоа неможеш да го промениш, не биди фокусиран на иднината , не знаеш какви планови има за нас Универзумот.
Работи кои не можеш да ги менуваш не се за драматизирање, прифати ги нештата на кои не можеш да влијаеш. Прашај се, зошто ова ми се случи? Сигурно е за мое најголемо добро и, верувај така и ќе биде.
Кажувај „не“ доколку сметаш дека треба. Кажувај „те сакам, прости ми, благодрам“ најчесто што можеш на оние кои ги сакаш, познаваш и паметиш по добро, утре можеби ќе биде доцна. Подарувај време, насмевка, комплимент и убав збор, којзнае можеби некому ќе му го промените денот, животот на подобро.
Кога ќе спознаете дека сте креатори на сопствените животи, ќе спознаете дека животот е многу повеќе од она што досега сте верувале дека е. Живеејќи го животот на свој начин, искуството ќе ве научи дека се се случува за ваше најголемо добро. Кога ќе го спознаете тоа, ќе го постигнете сопствениот мир.

Наде Молеровиќ, мотивациски тренер

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена