2.8 C
Skopje
понеделник, февруари 24, 2025
spot_img

КОЛУМНА. Наде Молеровиќ, креирам живеам : На детето му е потребна љубов, а, не помош

Како да му се помогне на детето да расте а да не го попречиме развојот на неговите природни потенцијали?
Секој начин да му се помогне на детето е погрешен. Самата идеа за помош е погрешна. На детето му е потребна љубов, а, не вашата помош. Под изговор дека помагаат, сите се мешаат во туѓи животи. Секако детето е мало и зависи од вас, па не може да се жали…Луѓето од вашето опкружување се како вас, и ним им помагале родителите онака како вие му помагате на вашето дете. Не сте го оствариле целиот природен потенцијал, баш како што ни вие, ние не сме!
Немешањето е најтешко затоа што се судира со природата на умот. Умот е во постојано искушение да се меша во туѓите животи. Што повеќе се мешате во туѓи животи вие се сте помоќни. А, како се мери таа моќ? Моќта се мери според бројката врз колку животи сте успеале да влијаете.
На пример, Адолф Хитлер бил моќен затоа што влијаел на милиони животи, за жал во негативен и уништувачки смисол. Вие не сте Адолф Хитлер, но, сепак можете да влијате на нечии животи.
Мажот влијае на животот на жената. Жената влијае на животот на мажот. Тоа е една взаемна интересна игра, така и двајцата стекнуваат некој вид на моќ. Тие би требало да влијаат еден на друг во разубавување на сопствените животи…Но…
На сите луѓе од нашето опкружување општеството на некој свој начин помогнало да бидат тоа што се. И нам ни помогнало. Сега вие сакате да им помогнете на сопствените деца. Со самото раѓање детето со себе си носи неоткриен и непознат потенцијал. Нема можност, начин однапред да знаете што тоа дете ќе биде. Нема пропишани правила, процедури како треба да му се помогне на детето, нема, не постојат.
Како што не постои единствен метод кој треба да се примени на сите деца. Не постојат две исти деца за да можете да предложите единствен воспитен програм. Ако имате храброст, не помагајте на своите деца. Сакајте ги, мазете ги, галете ги….Треба да се отстранат сите опасности и да ги оставите сами да истражуваат, откриваат, доживуваат и учат.
Животот се состои од седумгодишни циклуси. Првите седум години од развојот на децата се најважни, токму заради тоа сите светски религии се грабаат за да можат да ги врбуваат децата .
Во првите седум години детето е условувано, главата му ја полнат со секакви идеи кои ќе ги прогонуваат до крајот на животот и ќе им бидат пречка во остварување на сопствениот потенцијал. Нема да му се дозволи јасно да ги согледа околностите.
Се што ќе им се зборува на децата ќе сака да им се наметне како вистина, вистина која е наша а не негова. Можеби како возрасен ќе си поставува илјада прашања за се, но, нема да ги преиспитува своите уверувања затоа што тие се трајно втемелени од родителите, околината, роднините, пријателите, наставниците, познатите…
Првиот израз на љубов кон детето нека биде можноста тоа да остне невино, чисто, разиграно. Од мало научете го дека луѓето се различни, научете и прифатете ако не се сложуваат со вас.Така и треба, замислете ако сите сме се сложувале со своите родители и со нивните ставови, погледи и мислења? Научете го да ги сака своите другарчиња, да ги споделува своите работи со другиот, научете го да се заблагодарува, да се радува, научете го дека нема лоши луѓе туку дека има лоши реакции и непристојни однесувања.
Не е прашање треба ли да му се помогне на детето, туку, треба ли да се заштити. Детето треба да го заштитиме од преголемото влијание од нас како родители и возрасни и од околината. Детето е како кревка билка, силниот ветер може да ја уништи, животинкта може да ја изеде. Оградете ја со жица, но не да ја затворите, туку да ја заштитите. Кога билката ќе порасне, тргнете ја оградата. Заштитете го детето, но нека биде тоа што сака да е, нека биде слободно од влијанија и стравови на своите родители и нивните претци во првите седум години. Дајте му само љубов, слобода да го искажат своето љубопитство, да истражуваат, да се извалкаат….љубов му треба на целиот свет!!!

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена