Луѓето се различни, имаат различни навики, уверувања, различно функцинираат, делат различни вредности, имаат различни желби, интереси и не е возможно да им се допаднеме на сите.
Не е нормално да им се допаднемена сите. Би се изгубиле себе си. Тоа треба да си го освестиме сите за да не не растажуваат и фрустрираат туѓите мислења, критики и несоглаувања со тоа што ние го превземаме и правиме. Да се запрашаме себе си, дали и нам ни се допаѓаат сите луѓе кои ги среќаваме? Секако не. Затоа, ако некој има негативно мислење за нас, тоа не е крајот на светот. Секој човек има право на сопствено мислење согласно својата перспектива и поглед на нештата и светот. Колку луѓе на планетава толку реалности, погледи и ставови. Колку само проблеми си создаваме постојано размислувајќи за тоа то другите луѓе мислат за нас. Се некако бараме одобрување, потврда дека тоа што го што правиме е добро, што треба да се направи друго, како тоа да изгледа, и безброј прашања си превртуваме во глава само да ги задоволиме другите околу себе.
Како да престанеме воопшто да се грижиме што другите мислат за нас?
Првото нешто што треба да ни стане јасно е: Се додека ни е многу важно што другите мислат за нас, тие и не поседуваат.
Оваа мисла за мене беше многу мотивирачка да почнам да ги гледам нештата од друга перспектива. Да бидам свесна дека мојот живот е мој избор на свесни одлуки кои ги донесувам во баланс со емоциите. А емоциите се јазикот на мојата душа.
Кога бараме туѓи мислења, на некој начин си го живееме сопствениот живот низ нивните очи. Секако дека мислењата на нашите блиски, родителите, пријателите, брачните другари, ментори треба да ги имаме во предвид и да ни се важни, но не одлучувачки.
Сите други- воопшто не се важни. Колку и да се трудиме да изгледаме добро, да правиме добро, да зборуваме добро во очите на некои други секогаш ќе се најде некој навреден, некој кој ќе искоментира, забележи, искритикува.
Не можете да задоволите сечие очекување да оставите “добра слика” за вас. Однапред да знаете дека сте ја загубиле битката. Затоа не почнувајте да се докажувате кој е во право. Губите енергија, го губите фокусот на својот животен пат, а и не мора да сте во право, бидете среќни.
Вашите планови, идеи кои сакате да ги реализирате можеби често ќе наидат на неодобрување од страна на блиските, па ќе ви велат:’немој тоа да го правиш”, “тоа е ризично’,”ќе згрешиш, немој”’не знаеш’…
Критиката не мора секогаш да биде лоша за нас, може да биде и добронамерна, особено од нашите блиски за кои сме сигурни дека не ни мислат лошо.
И не заборавајте: луѓето кои зборуваат лошо за вас всушност зборуваат за себе.Тие кои постојано ви се потсмеваат се длабоко несреќни и незадоволни со себе па сакаат да прават другите да се чувствуваат несреќни.
Тие се најчесто емотивно празни, немаат висок мислење за себе, имаат проблем со емпатијата, тешко ги прифаќаат другите луѓе, но, и самите себе си. Најлесна жртва на овие луѓе се оние кои и самите не се прифатиле и многу се самокритични кон себе.
За да не ги доживуваме туѓите мислења како лична катастрофа и немир потребно е безусловно да се прифатиме себеси такви какви сме, објективно да процениме и да си одговориме што можеме да подобриме, дали проблемот е во нас или во дугите, да бидеме задоволни, успешни и хармонични со околината и сопствените емоции.