За некого овие денови на карантин и изолација се денови за седење дома и уживање, но ова не важи и за момците од ДНК кои постојано творат. Така е и сега – Панчо и Андреј имаат нова песна. „Јави ми“ е насловот на темата, која веќе вообичаено излегува во исто време со спот, а кој повторно поместува граници. „Јави ми“ е дело на Панчо, кој е автор на текстот, и Лазар Цветкоски кој стои зад аранжманот, мастерингот, додека музиката им е заедничка.
Кога станува збор за спотот, пак, тој е една интересно спакувана анимирана приказна за која идејата е всушност да се долови зближеноста и дружењето на познатите личности во едно комично и прилично несекојдневно издание. И воедно еден вид респект за секој поединечно, а кој е дел од проектот.
Анимацијата, односно видеото е комплетно авторско дело на Никола Димов Nikola’s Art House (2020).
Во кадрите освен ликовите на Панчо и Андреј ги има и оние на Боки 13, Слаткар, Наум Петрески, Миле Кузмановски, Симон Трпчески, Заев, Мицкоски, Ахмети, Антиќ, Каролина, Есма, Тоше, Ѓорѓи Колозов, Манасков, Стоилов, Лазаров, Пандев, Елмаз, Врчак, Лозано.
Автор
Сите Објави
Коментарите се затворени