Српската пејачка Јелена Томашевиќ во понеделник ќе одржи концерт во Крива Паланка. Концертот е закажан за 21 часот а ќе се одржи на Градскиот плоштад. Јелена гостува по повод одбележувањето на Денот на рударите, кој ќе се празнува следниот ден, на 28. август.
Пред да настапи популарната пејачка Томашевиќ како нејзина предгрупа се најавени Димитар Андоновски и „Тајфата“.
Овој концерт е во рамките на Кривопаланечко културно лето.