Костими за капење: Висок долен дел за широка половина
Костими за капење се предизвик и проблем кај жените. Зошто? Едноставно, кога ќе се соочите со минимум материјал, речиси „крпче“, ретко која жена може да се пофали дека и стои совршено.
Ви нудиме неколку совети како да ја приспособите вашата фигура и да изберете костими што ќе ги истакнат вашите облини, но и ќе ги прикријат вашите недостатоци.
Девојките со големи гради треба да набават костими со цврсти градници, со вметнато жица во конструкцијата и со прерамки.
За тие кои сакаат да ја скријат широката половина им препорачуваме едноделни костими чиј горен дел е со длабок В-израз.
Девојки со кратки нозе и широки колкови ќе можат да ги прикријат и да ја издолжат фигурата доколку носат костими чиј долен дел е со висок струк. Исто така, секогаш добредојдени се црни едноделни костими – тие знаат да направат вистинско чудо и од вас да создадат морска сирена.
Мали гради
За да го тргнете вниманието од малите гради одберете костум за капење во два дела. Горниот дел треба да биде во силни бои и да има различни детали, а корпите да се со перничиња.
Големи гради
За да вашите гради изгледаат цврсто одберете костум за капење што ќе има корпи од полесен материјал. Најдобрата шарка е со цветови а прерамките се задолжителни.
Куси нозе
Едноделен костум за капење со длабок В изрез е идеален. Нозете ќе ви изгледаат многу подолги, но морате да одбегнувате долни делови како што се боксерки, како и бикини со здолниште зошто тие ќе ве прават пониска.
Атлетска градба
Силни рамења, струк и колкови со иста широчина ја одликуваат оваа градба. Пробајте го костумот за капење со горен дел на врзување, или со шарка која на било кој начин ќе ви го нагласи струкот. Одбегнувајте еднобојни и едноделни костуми за капење.
Крупна градба
Длабокиот В изглед може да ви го смени изгледот. Темните бои во потполност ќе одговараат, но не треба премногу да се сокривате. Најважно е да ја одбегнувате белата боја и тантели.
Градба јаболка
Карактеристиките на овој тип на градба се широки рамиња и тесни колкови. Ќе ви одговара бикини во една боја што ќе ја намали широчината на рамењата. Не е препорачливо да носите малечки бикини гакички како и горен дел во В изрез.
Фото – Pexabay, Pexels
Коментарите се затворени