Кој е најголем кавгаџија во Зодијакот?
Овен
Овните се како бебињата помеѓу хороскопските знаци, бидејќи многу бргу се лутат и се гневни. Исто како малите деца, нивните гневни испади се вообичаена работа во поголемиот дел од времето. Од друга страна, она што навистина е големо разочарување за Овен е некој да се однесува авторитативно со него. Покрај тоа, мрази неорганизирани работи и монотонија.
Бик
Не е лесно да го налутиш, но ако се случи, подобро бегај подалеку, пушта рогови. Претставниците на овој знак полудуваат кога некој ќе се обиде да ги турне од врвот. Иритиран е и кога ќе наиде на здодевни соговорници. Не му се допаѓа мрзеливост и прекумерна суета.
Близнаци
Кога ќе почнат да се сфаќаат пресериозно, стануваат кралство на суетата, и се напорни за околината. Добро глумци се, а најмногу им пука филмот кога некој дискутира за нивните недостатоци. Голема мана им е што не знаат да разговараат за проблеми во комуникација, па ако не е по нивно, едноставно си заминуваат.
Рак
Раковите се емотивно- непредвидливи, но кога се лути, подобро е виновникот да не околу нив. Избувнувањето многу често завршува со солзи, бидејќи како што веќе рековме, Раковите се преемотивни. Меѓу работите кои ги полудуваат е кога некој ги притиска да побрзаат а мразат и кога им велат да се смират.
Лав
Претставниците на овој хороскопски знак се премногу горди и многу се разочаруваат кога се зависни од нешто или од некого. Ги лути алчноста и љубомората. Всушност, сакаат кралско однесување, без оглед на тоа кој е во каква финсисиска состојба.
Девица
Девици се трпеливи и умеат да се контролираат, но често остануваат неразбрани во потрага по совршенството. Токму тоа ги прави многу разочарани. Исто како Ракови, и тие не сакаат некој да ги притиска и тера на активност.
Терезија
Обично претставниците на овој знак ја имаат улогата на медијатори, но ако некој им попречи да живеат како што сакаат, тоа им е големо разочарување. Тука се неуморни во расправање, лутење, сцени и којзнае што не.
Скорпија
Скорпиите се тајно гневни и секогаш бараат одмазда. Ги лутат луѓето кои „летаат во облаци“ и не престануваат да сонуваат и оние што не го делат нивното мислење. Внимателно со нив, и малку да им се замерите, трпеливо ја сервираат одмаздата, ладна.
Стрелец
Претставниците на овој знак се трпеливи и секогаш ја бараат добрата страна кај луѓето. Но како и сите други и тие се лути на некои црти во човечкиот карактер. Стрелците мразат некој да им дава совети, а во исто време сакаат да им „продаваат“ памет на другите.
Јарец
Обично Јарците се расеани и гневни поради работата или ако мислат на нешто друго. Често прават сцени независно од времето и местото. Најгласни кавгаџии се. Меѓу работите кои ги полудуваат, се претераната самоувереност и кога некој ќе се осмели да посегне по нивната слобода.
Водолија
Тие им пркосат на емоциите. Лути се и кога се плеткаат во раноразни „каши“ и не знаат како да излезат од нив. Се нервираат кога некој им ги ограничува активностите или им обрнува внимание на недостатоците.
Риби
Рибите се чувствителни и внимателни, но лесно се навредуваат. Мразат лаги и неблагодарност, а најмногу од се им пука филмот кога ќе се почувствуваат искористено. Не се караат, стануваат огорчени и тажни поради лицемерието.
Фото – Pexels
Коментарите се затворени