Краставици во ладилник- најмногу една недела
Со оглед на тоа што врвот на сезоната на краставици е токму во овие, летни месеци, не е воопшто чудно што овој освежителен зеленчук е еден од најзастапените продукти во во летното мени. Но, дали сте знаеле дека краставиците содржат најголем дел од секојдневните потреби од витамини? Само во една краставица има витамини Б1, Б2, Б3, Б5, Б6, фолна киселина, витамин Ц, калциум, железо, магнезиум, фосфор, калиум и цинк.
Поголемиот дел од составот на овој зеленчук го чини водата што ги прави краставиците одличен диуретик, кој ефикасно ги отстранува насобраните токсини, ја потикнува работата на бубрезите и жолчката. Во комбинација со диетални влакна ја потикнува работата на дебелото црево и го штити организмот од канцер.
Ако сакате да извадите максимум од краставиците употребете ги најмногу два дена по купувањето. Во ладилникот може да стојат една недела.
Ако чувствувате попладневен замор, оставете ги енергетските пијалаци и наместо нив земете една краставица. Таа е одличен извор на витамин Б и јаглехидрати кои брзо ќе ве подигнат и ќе ве држат со часови.
Краставиците одлично се надополнуваат со млечни производи, па така во повеќе кујни во југоисточна Европа се подготвува салата од краставици со додаток на јогурт или кисело млеко.
Foto- Pixabay
Коментарите се затворени