Вчера вечер во хотелот Амбасадор во Белград се одржа официјалниот избор за Мис на Балканот за 2019- та година.
Победничка е нашата Кристина Димитријевска (23) од Тетово. Таа во силна конкуренција меѓу девојките од балканските држави ја освои оваа престижна и ласкава титула и на некој начин ја потврди титулата Новогодишна Балканска убавица, која ја освои на свои 17 години.
Титулата Прва придружничка и припадна на претставничката на Србија а Втора придружничка е девојката од Црна Гора, ни изјавија од Модното Студио Црнокрак, кои ја поседуваат лиценцата за Македонија за овој балкански избор за убавина и преку кои преубавата Кристина настапи во Белград.
Круната и ја предаде поранешната победничка, Дениса Ходисон од Романија.
Коментарите се затворени