За овој вкусен и миризлив колач земете 3 јајца и изматете ги со 160 грама шеќер, додадете рендана кора од 2 лимона, потоа, сок од 2 лимона, 80мл. млеко, 280 грама брашно, 80 мл. масло, 1 пециво и една кесичка ванилин шеќер.
Сите состојки убаво се мешаат и се ставаат во соодветен калап. Смесата се пече 45 минути на 180 степени. Куглоф најдобро оди со топче сладолед од ванила.
Добар апетит!
Рецепт и фотографија: Пенка Мукаетова