Постојат многу теории околу тоа зошто сонуваме а едно од објаснувањата е дека се работи за метода со која мозокот ги обработува информациите што ги примил несвесно преку денот. Ако спиете според препорачаното – осум часа, во текот на ноќта ќе минете низ пет циклуси и во секој од нив ќе сонувате 20-40 минути, пишува „Телеграф“.
Ако сакате да го знаете значењето на вашите соништа, важно е по спиењето да ги запаметите. Најдобар начин за тоа е по будењето да не станувате веднаш, туку да останете уште една минута во кревет, без да се преместувате и да размислите на што се сеќавате од сонот. Уште еден начин е да ги запишете соништата на хартија. Не мора да се сеќавате на секој детаљ, туку е побитно да го правите ова редовно.
Едно од најчесте сништа е дека некој ве прогонува, што значи дека нешто ве мачи и дека немате храброст да се соочите со тоа.
Следен на листата најчести соништа е испаѓањето заби а тоа упатува на фактот дека поради нешто се сомневате во себе.
Третиот сон е неможноста да го најдете тоалетот, што значи дека секогаш се трудите да ги исполните потребите на другите а ги занемарувате сопствените.
Ако често сонувате дека сте голи на улица, во реалноста се чувствувате ранливо а ако сонувате дека сте на испит за кој не сте се подготвиле, тогаш сте престроги кон себеси. Ако сонувате дека летате – се ослободувате од нешто што ве загрижува а ако во сонот паѓате – тоа е сигнал дека треба да се олабавите.
Луцидни соништа се оние во кои сте свесни дека сонувате. Додека станете свесни дека сонувате, речете си на самите себе подолго да останете во сон и со тек на време ќе можете да решите некои проблеми што ве мачат во реалниот живот. На пример, ако некој ве прогонува, свртете се и прашајте го што сака од вас.
И на крај, она што никој не го сака: иако понекогаш се страшни, ноќните мори, всушност се здрави, зошто на тој начин вашата потсвест се обидува да привлече внимание на некој проблем што ве мачи, а со кој одбивате да се соочите.