Летни коктели за совршено разладување
Лимонада со мента
Во најголемата пивска чаша ставете сок од лимон, кршен мраз, ливчиња нане и наполнете ја со вода до врв. По желба зашеќерете со кафеав шеќер и додадете малку рум.
Домашен ладен чај
Ова е најдобра варијанта за оние што многу ожеднуваат во текот на денот. Се прави мешавина од домашен чај (планински, нане, мајчина душичка…), се додаваат неколку парчиња лимон, малку мед и чајот се остава во фрижидер. Освен што освежува, дава и чувство на ситост.
Смути од краставици
Потребно е – 2 краставици, зелена салата, сок од лимон, лук, половина авокадо, маслиново масло, сол и црн пипер, мирудии.
Исечканата краставица и зелената салата ставете ги во блендер, додадете лимонов сок, лук и 2 чаши ладна вода. Потоа капнете маслиново масло, сок од авокадо и посолете. Сокот се пие ладен.
Клара
Сакате нешто интересно? Во сооднос „пола-пола“, помешајте пиво и спрајт и само малку разладете. „Клара“ се препорачува за долгите летни ноќи.
Медена вода
Секое утро помешајте вода и мед и оваа смеса пијте ја на празен желудник. Растворот е сличен на крвната плазма. Медената вода го нормализира варењето и го зголемува имунитетот.
Шејк од краставици
Краставицата е полна со вода и по природа е ладна. Тоа е база во која се додаваат јогурт, киви, мирудии и многу мраз.
Фото: Pixabay, Pexels
Коментарите се затворени