Потребно е: 1 литар црно кафе, 750 г шеќер, 2 кесички ванилин шеќер, половина литар чист алкохол
Кафето се остава да се исцеди од талогот, се додава шеќер и така се вари се` додека не се згусне. Откако ќе го тргнете кафето од оган, се додава ванилин шеќер и се остава да се излади. Во ладна течност се меша алкохолот и се става во шише за да отстои некој ден. Потоа може да се пие.