На доделувањето на ФИФА за најдобар играч на годината вчера вечерта во Лондон, покрај Лука Модриќ, кој е прогласен за најдобар на светот, на сцената покрај него блесна и сопругата Вања(39), со која се 12 години заедно и имаат три деца. Поголемите, синот Ивано и ќерката Ема беа со нив на церемонијата, но не и Софија, која има една година. Вања, пишува хрватскиот портал dnevnik.hr, заедно со децата беа пресреќни за успехот на Лука и не ја симнуваа насмевката.
Лука и Вања се запознале година случајно се запознале во кафуле во Загреб. Заедно живеат од 2006 година, а се венчале во 2010, кога и го добиле Ивано. Првата ќерка Ема е родена 2013 година. Вања, која е пет години постара од Лука, заради мајка и Весна, која била сметководител во „Динамо“ често навраќала во клубот. Но, Лука го сретнала надвор од просториите на „Динамо“ а лучајната седба се претворила во голема љубов, која трае со години.
Капетанот на хрватската репрезентација Лука Модриќ, по прогласувањето одржа емотивен говор, кој многумина расплака.
-Ова не е само мој трофеј. Ова е и на моите соиграчи од реал и од хрватската репрезентација. Секако и на моето семејство, бидејќи без нив никогаш не би бил ова што сум, рекол Лука.