Луто за здравје, барем трипати неделно
Постојат видови храна кои според лековитата моќ можат да се мерат со лековите: она од што ви гори устата кога јадете лута пиперка, се вика капсаицин, кој има хемиски сличности со лекот гваифенезин што служи како средство за искашлување и се наоѓа во околу 75 проценти од лековите што се продаваат на рецепт или без него.
Алинот, кој му го дава вкусот на лукот, во организмот го поминува истиот процес на промени и влијае слично како и лекот С-карбоксиметилцистеин, кој се користи при проблеми со дишните патишта.
Главна активна хемиска состојка на ренот е синапот, кој го надразнува носот и предизвикува солзи и секрет.
Зошто би требало да го сакате лутото?
Без сомневање, за отстранување на секретот најдобра е лутата и многу зачинета храна. Не изненадува што античките народи за совладување на проблемите со белите дробови ги користеле лукот, црвените пиперчиња и синапот. Лесно активните агенси во оваа храна предизвикуваат бурни реакции во дишните канали, при што секретот се разредува и полесно се исфрла.
Откако лутата храна ќе дојде во устата, грлото или желудникот, таа ги допира нервните рецептори кои праќаат порака до мозокот, тој го активира десеттиот мозочен нерв, кој испушта течност од која можат да протечат солзи или да се активира носот. Тоа им е познато на сите оние кои барем еднаш во животот пробале лута пиперка. Значи, при проблеми со синусите и слични тешкотии се препорачува лута храна.
Храна против настинки, грип, бронхитис и проблеми со синусите
Ова е период од годината кој носи настинки, воспалени синуси, воспаление на белите дробови, хроничен бронхитис а за совладување на ваквите проблеми барем трипати неделно консумираје лута храна.
Коментарите се затворени