Маја Гроздановска Панчева: Одмор што се памети
Летото секогаш асоцира на патување, одмор, безгрижност, сини утра и убави звуци на природата… Годинава е се поинаку, и додека привикнуваме на „новата нормалност“ можеме да патуваме и со мисли, потребно е само да џбурнеме меѓу спомените.
Во тој контекст, еве на кое лето Маја Гроздановска Панчева најрадо се сеќава.
„На секој наш одмор се сеќавам со радост, но ланскиот на Халкидики навистина беше посебен, а и спомените ми се најсвежи. Бевме поголемо друштво, брат ми со фамилијата, Надица и Горан со фамилијата, нашите добри пријатели и ние, заедно поминавме многу убави денови, што е уште еден доказ дека за добар одмор не е важна само локацијата, туку и друштвото. Одморите ги паметиме пред се заради убавиот морски воздух, опуштеноста и друштвата, и така сите ние си ги полниме батериите.
Да, прекрасни беа долгите топли и со убавина исполнети денови, ноќи во супер атмосфера со многу хумор…
За жал, оваа година поради проблемите со вирусот нема да се оди никаде, но ќе пробаме да ги полниме батериите дома, покрај нашиот базен со нашиот Сибирски самојед Нео.
7дена.мк
Коментарите се затворени