Лујза Хеј, пионер на афирмации беше основач на движењето за самопомош и зачетник на идејата дека со позитивен став можеме да ја промениме својата реалност, во 1976 година ја напиша првата книга за тоа како да го исцелиме своето тело.
Тоа значи, состојбата на нашиот дух е одговорна за физичките заболувања и за сите негативности кои ни се случуваат во животот.
Пореметување: Апетит- претеран
Веројатна причина: Страв. Потреба за заштита. Проценка на емоциите.
Афирмација: Сигурна сум. Нема причина да се плашам од чувствата. Моите чувства се нормални и прифатливи.
Пореметување: Апетит- намален (анорексија)
Веројатна причина: Страв. Чување на себеси. Недоверба спрема животот.
Афирмација: Се сакам и прифаќам себе. Сигурна сум. Животот е сигурен и радосен.
Пореметување: Акни
Веројатна причина: Неприфаќање на себе. Омраза кон себеси.
Афирмација: Јас сум божествен израз на љубовта. Се сакам и се прифаќам себеси таква каква што сум.
Пореметување: Алергии
Веројатна причина: На кого сте алергични? Одбивате да верувате во себе.
Афирмација: Светот е сигурно и пријателско место. Сигурна сум и во хармонија со животот.
Пореметување: Алкохолизам
Веројатна причина: Во што е смислата? Во чувството на ништовност, вина и недостаток. Отфрлање на самиот себеси.
Афирмација: Јас живеам сега. Секој момент носи нешто ново. Избирам да ги видам своите вредности. Се сакам и се прифаќам себе.
Пореметување: Алцхајмерова болест
Веројатна причина: Желбата да се напушти планетата. Неспособност за носење со животот.
Афирмација: Се се случува во вистинско време и на вистинско место. Со мојот живот секогаш раководат божји исправни одлуки.
Пореметување: Амнезија
Веројатна причина: Страв. Бегство од животот. Неспособност да се бориме за себе.
Афирмација: Околу себе наоѓам само храброст и интелигенција. Го развивам чувството за сопствена вредност. Можам слободно да уживам во својот живот.
Пореметување: Анемија
Веројатна причина: Животен став ни е: „Да, но…“ Недостаток на радост. Страв од животот. Чувство дека не сме доволно добри.
Афирмација: Доживувам радост во сите области на својот живот. Го сакам животот.
Пореметување: Апатија
Веројатна причина: Отпор кон чувствата. Умртвување на себеси. Страв.
Афирмација: Нема причина да се плашам од чувствата. Се отворам спрема животот. Спремна сум да го искусам животот. (Продолжува)
Фото- organvlasti.com