22.8 C
Skopje
понеделник, април 21, 2025
spot_img

Мисли на Пауло Коелјо кои можат да ве излекуваат

 

1.Кога ќе ја повторите грешката, тоа веќе не е грешка, туку одлука.
„Зарем треба да повторите? Тогаш мора да ги сакате грешките“.

2.Душите ги планираат важните состаноци и пред да се сретнат телата.
„Генерално тоа се случува кога ќе достигнеме некоја граница и емотивно повторно ќе се родиме“.

3.Стравот стои помеѓу вас и вашите сништа.
„Не предавајте им се на стравовите. Ако го направите тоа, ќе ја загубите врската со срцето“.

4. Сите сме тука со причина.
„Што и да прави, секој човек има своја улога. Секој има креативен потенцијал и од моментот кога ќе почне да го покажува, може да го смени светот“.

5. Секое искуство, добро или лошо, има некаква порака.
„Постојат моменти кога во нашиот живот ќе влезат грижи и тука ништо не можеме. Но и тие се тука со причина, да ги разбереме“.

6. Не барајте љубов надвор од себе.
„Љубовта не може да се најде на ниту едно друго место освен во нас самите. Едноставно треба да ја разбудиме, а за да се случи тоа – потребна ни е друга личност“.

7. Кога ќе се смените, целиот свет се менува со вас.
„Кога сакаме, секогаш се обидуваме да сме подобри одошто сме“.

8. Кога некој ќе отиде, тоа значи дека другиот само што не дошол.
„Никој никого не губи затоа што не го поседува. Тоа е поимот на слободата – кога ја имате најважната работа на светот, не ја поседувате“.

9. Никој не е виновен за тоа како се чувствувате.
„Во љубовта никој никого не може да повреди. Секој е одговорен за своите чувства и не може да обвинува никого“.

10. Вашите верувања ве обликуваат во личност којашто сте.
„Вие сте она што верувате дека сте. Уживајте во својата автентичност.“

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена