10.8 C
Skopje
петок, јануари 31, 2025
spot_img

МНТ во ноември со хуманитарна претстава за помош на Сара Настеска

Македонскиот народен театар продолжува со учеството во хуманитарната акција за помош на 15-годишната Сара Настеска од Охрид, кај која е дијагностицирана Anemia aplastica, болест за чие лечење е неопходна трансплантација на коскената срж.
Македонскиот народен театар и екипата на претставата „Не се клади на Енглези” во режија на Синиша Евтимов, а во која играат Сашко Коцев, Оливер Митковски и Александар Микиќ, одлучија средствата добиени од изведбата на 11 ноември 2018 година да бидат уплатени на сметката на Сара Настеска. Цената на билетот е 500 денари, а може да се купи и онлајн.
Апелот за помош во јавноста го испрати семејството Настески, а нивниот 13-годишен син Виктор е единствен сроден донатор на коскена срцевина за Сара. Македонскиот народен театар сочувствува со загриженоста на семејството Настески и посакува успех на донаторската акција и на оперативниот зафат на младата Сара Настески.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена