„Моден викенд – Скопје“ повикува домашни и регионални дизајнери
„Моден викенд – Скопје“, кој е дел од интернационалното здружение кое го реализира проектот „Обединета мода” (United Fashion ) и идната година ќе биде домаќин, обајвува отворен повик за сите домашни и регионални дизајнери.
Со своите партнери тие ќе одберат вкупно 36 регионални и дизајнери од Европа (Белгија, Франција, Португалија, Фландрија, Латвија, Германија и Велика Британија), кои ќе бидат учесници на шоурумот во Скопје, за време на Моден викенд, од 29 март до 1 април 2019 година. Целта е да го презентираат и запознаат модниот (текстилниот) пазар на Југоисточна Европа.
Шоурумот ќе го посетат интернационални купувачи и претставници на медиумите. Исто така селектираните учесници ќе имаат шанса да учествуваат на средби за вмрежување и работилници.
Активностите ќе вклучат презентација на ЈИЕ пазарот од страна на професионалците од индустријата, презентации од селектирани локални производители, посета на фабрики од страна на селектираните дизајнери и букирани Б2Б средби помеѓу дизајнерите учесници и локалните производители.
Фотографии: Axl Jansen/Sonja Heintschel