Морска вода и песок : За здрав и долг живот
Кој не го сака морето, па и ако не ја користи активно плажата? Вистинска антистрес терапија: бучавата на брановите, сонцето, контактот со морето, непрегледно синило – вистинско уживање, додека грижите исчезнуваат неосетно, една по една.
Песокот е природен пилинг
Дали сте забележале дека откако одите на плажа, стапалата ви се навистина меки и мазни? Тоа е затоа што прошетката по песокот изгледа како природен пилинг за кожата. Колку што е песокот поситен, толку подобро!
Морската вода помага за лекување на акни и лузни
Солта е одлично средство за чистење. Натриум хлоридот во морската вода помага да ја исчистиме кожата и има моќ да помогне при лекување на акни. Наместо третманот со хемикалии и козметика, во летната сезона обидете се со природните својства на морската вода. И повторно ќе ја откриете убавината во себе!
Дали сте забележале дека косата ви е многу сува по излегувањето од водата?
Тоа е затоа што солта во морската вода го отстранува вишокот маснотии од косата. Ако страдате од прекумерно мастење на кожата на скалпот, морските бранови се одличен начин да си помогнете. И, капењето во солена вода прави косата да стане пообемна и да се ослободи од хемикалии со кои ја третираме секојдневно. Доколу имате првут, морето е спас за вас! Морската вода дејствува како пилинг врз скалпот.
Ја активира циркулацијата
Главната особина на морската вода е да ја активира циркулацијата. Сигурно сите сте забележале дека кога тренираме во морето, се добива разлика во притисокот – меѓу дното на кое сме стапнале и во горниот дел на телото. Тоа е одлична вежба!
Помага при болни зглобови и висок крвен притисок
Покрај тоа, морската бања може многу да помогне, доколку страдате од болки во зглобовите или имате артроза. Таа има антиинфламаторно дејство и ефикасно ублажува сличен тип болки.
Ако имате висок крвен притисок, морската вода ќе ви помогне да го намалите.
Помага за растењето
Ако одите со деца на море, треба да знаете дека морската вода ќе им помогне за растење. Причината е тоа што е богата со јод – минерал кој е многу важен за тироидната жлезда. Од таму се стимулира и растот кај децата, а и нивните коски стануваат здрави.
ФОТО- Pexels