А- акапела пеење,уживам да го практикувам овој начин на пеење и тоа дома сама, кога имам некоја омилена песна во тој даден момент.
Б- Бојана,го сакам своето име,и потајно посакувам еден ден здравје Боже да го носи мојата внука,ако ја имам.
В- Васко,Васил,мојот сопруг, тој е мојот најверен другар.
Г- грозје, го обожувам.
Д- Дама, се стремам да бидам дама, со сите нешта кои би требало една дама да ги поседува и умее.
Ѓ- Ѓорѓи, син ми, шеќерко мој, колку брзо ми порасна, до вчера го држев во раце како бебе.
Е- екстровертност, мојата најистакната карактерна особина.
Ж- жуле, домашен колбас, специјалитет во тетовскиот крај.
З- здравје и само здравје, последнава година сфативме колку е само драгоцено.
Ѕ- ѕвонче,едвај чекам новогодишна атмосфера, и ѕвончињата на Дедо Мраз.
И-Искра, како искра надеж во морето разочарувања, Искра како мојата ќерка, мојата верна копија.
Ј- јуфки, и тоа домашни,за мерак.
К- коректност, заборавивме ли да бидеме коректни во ова лудо време на извртени вредности?!
Л- лојалност, секогаш сум барала лојалност, и сум пружала лојалност.
Љ- љубовта ќе го спаси светот!
М- Мајкл Болтон, мојот омилен.
Н- ново, нова страница, ново време, нова гардероба, се радувам на сите нови нешта, и нови предизвици.
Њ- Њујорк,што би рекла пеејки Алиша Кис: џунгла каде што се создаваат соништата.
О- огледало, ви се допаѓа ли личноста која е спроти вас кога ќе се погледнете во огледало?!
П- песна,мојата душевна храна.
Р- радост.
С- Скопје, мојот град, никогаш не би го напуштила, ако баш не морам.
Т- тишина, само кога спијам, инаку не можам да функционирам во тишина.
Ќ- ќеиф,честопати се водам по својот ќеиф,а правам ќеифови на моите деца.
У-успех,вечен оптимист сум и сакам да успее се што правам,таа мисла ме води.
Ф- фреска, најубавите наши фрески.
Х- херој, обиди се да бидеш нечиј херој, помагај колку можеш.
Ц- цреша, моето омилено овошје.
Ч- чувство, кога е измешано сигурна сум дека не треба да избрзувам.
Џ- Џорџ Мајкл, уште еден мој омилен.
Ш- штрудла, мојот омилен десерт.
7дена.мк