5.8 C
Skopje
четврток, јануари 30, 2025
spot_img

Мојата интимна азбука: Лидија Георгиева

ААфрика, постојан извор на инспирација
ББрод, со особен акцент – забава на брод
ВВодопад, ЛГ долг фустан, дизајнот беше на црвен килим на 2 фестивали – Кан и Манаки
ГГрозје, ресвератрол, вечна младост
ДДоблест: имаш? немаш?
ЃЃомлезе, нормално!
Е– Еманципирана интелигенција (како сакаш сфати го)
ЖЖирафа, ЛГ отпечатокот – се појави во неколку француски часописи и бутици во Париз
ЗЗабава, со особен акцент на добра журка ми недостасува
ЅСо кој памет сакаа да ја исфрлат оваа буква?!


ИИдеја, мојот живот – нормално!
ЈЈасен, ќе го уредат ли тој терен некогаш како бомбона?
ККимоно, предмет на убавина
ЛЛеснотија, сон ми е да патувам без багаж
Љall you need…
МMинодиер, особено моделите од 20-ти години на минатиот век! Би можела да ги разгледувам со часови
ННаметка, од предисторија, до денес
ЊЊуспик од Орвел, се оствари
ООтпечаток, голем дел од моите дизајни


ППрофитероли, мојот втор омилен десерт
РРитам, нормално!
ССонце, нормално!
ТТи (you) – од Токсидомун, побарајте го текстот, тоа е тоа!
ЌЌофте, нормално!

(Ќофтиња од рендани тиквички со пармезан)

УУште, збор што треба да им се забрани на сите кои си ја изгубиле човечноста заради профит
ФФрозен, ЛГ отпечаток, сега е дел од декорацијата на луксузна вила на Алпите
ЦЦвекло, одвреме навреме, душата ќе побара
ЧЧитај, аман!
ЏЏинс, нормално! Многу историја има тој материјал
ШШопска, нормално! Познавам Французи што би убиле за нашиот патлиџан (да знае да збори куферот)

7дена.мк

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена