А -Ако истраеш до крај…Дел од една песна а целина во еден живот.
Б– Бубе, мојот прекар, нешто како моето алтер его.
В– Верба …Затоа што не прави подобри луѓе.
Г– Градови: шарени, поинакви, големи и мали.
Д– Доблест е да си добар.
Ѓ– Ѓомлезе, толку го сакам а малку го јадам. Од практични причини.
Е– Емоција-ќе те воздигне или ќе те тресне од земја.
Ж– Живот во полн потенцијал. Жолта, затоа што асоцира на сонце.
З– Зумбули и зеленило.
S– Ѕѕѕѕѕѕѕѕѕѕѕѕ, „гласот“ на мувите во долгите летни попладниња.
И– Инстаграм, она што сакаш да се види.
Ј– Јадица и јин-јанг: вечната потрага по равнотежа.
К– Коса, со неа почнува и завршува се, особено кога е средена, негувана и забележлива.
Л– Лаги и куси нозе.
Љ– Љуба, љубов, љиљаково. Сите работи што ги сакам.
М– Море, во сите годишни времиња. Тоа може да се оствари доколку живеам на море.
Н– Не. Кога ќе се каже „не“, не треба да се даваат објаснувања.
Њ– Њоки, ги обожавам.
О– Оваа буква најмногу ја сакам- не бара ништо а дава се- цел круг.
П– Префинетост во однесување.
Р– Роденден. За мене специјален ден кога детето во мене најмногу се радува.
С– Среќа и постојана потреба од неа.
Т– Театар, ми недостасува.
Ќ– Ќофте на мој начин.
У– Убаво кафе.
Ф– Фјодор Достоевски. Голема енигма од писател и ум.
Ц– Црепче.
Ч– Чoвек. Целта на животот е да останеш човек.
Џ– Џемпери во сите бои.
Ш– Што нема да ме убие, ќе ме направи посилен.