Мојата кујна: Макарони со тартуфи и биено сирење
Кога сум во Смилево, во моето безгрижно зелено гнездо, разбирливо е дека сум инспиративна во однос на готвењето. Денес правам вистински спацијалитет, макарони со тартуфи.
Ќе беше подобро да имав домашни јуфки, но тартуфите се наши, македонски, од брендот tuf.mk, па можам да се препуштам на магијата. Одбрав макарони во облик на полжавчиња, во оригиналот се нарекуваат pipe rigate и многу ги користам бидејќи „самоволно“ се полнат со сос.
Процедурата е едноставна: кога макароните ќе се сварат ал денте, значи малку да крцкаат, додавам сушени тартуфи, кои претходно, 10-тина минути биле во млака вода. Ах да, водата од тартуфите ја пијам,се лепи за непце и сосема е природна. Секако ќе ја испиев, ама кога дознав дека тартуфите се вистински еликсир за здравје, плус, голем пријател за жените во менопауза, не одолеав да ја пијам- голтка по голтка, со голема страст и чувство дека правам нешто корисно за себе.
Во меѓувреме го сечкам биеното сирење, можев и да го изрендам, но сакам макароните да светат, сечкам од босилекот, вистинска благодет е што го имам во градината, а истото го правам и со убав голем домат.
Сега ги мешам сите состојки, ни внимателно, да не ги згмечам. Во финалето, наросувам со волшебно масло од тартуфи, наличувам со неколку листа босилек и чинијата ја местам за фотографирање. Изгледа привлечно нели? Е, колку што е убаво, толку е и вкусно. Добар апетит!
Коментарите се затворени