„Работи чесно и спиј лесно – е мотото на Никола Богдановски, 21- годишно момче кое, откако знае за себе, уште од дете и првите сеќавања е поврзан со животните, љубовта и грижата за нив.
Тој животински свет, организираност, само на прв поглед- невидлив, начин на кој функционираат, мирнотија и убавината со која зрачат, пред три години му го оствари сонот, активно да ја зголеми својата фарма. Што се нема во неговиот приватен рај: патки, гуски, кокошки, свињи, кози, зајчиња.., сите заедно се дел од „Моја фарма“, која се наоѓа во Скопското село Кадино.
„Многу, навистина има многу работа, но кога ќе се вложиш многу, ги гледаш резултатите на тој труд. Кога има смисол, животот на село е преубав- заклучува нашиот соговорник, кој љубовта кон животните преку својот пример ја пренесува и на својот мал брат Богдан.
Во продолжение, со слика ве пренесуваме на Моја фарма.
Уживајте.