Мусака со макарони и тиквички
Рецептот е многу едноставен и многу вкусен, доколку сакате тиквички и босилек, бидејќи тука одат во пар.
За да биде навистина убава мусаката, првин ќе ги испечете тиквичките во рерна. Се сечат на тркалца, се редат во плех, задолжително се солат и се наросуваат со масло. Откако ќе бидат готови, ги редите како за мусака- ред макарони (треба да се сварени), сушен босилек, па ред тиквички и повторно босилек, се додека не се потрошат, и внимавајте: на врвот треба да се тиквичките, поубаво изгледа кога ќе се сече. Матите четири јајца со филџан јогурт, ставате малку масло, посипувате над мусаката, наросувате со босилек и чекате да фати коричка.
Добар апетит!
Коментарите се затворени