Во виното е вистината а со него се лекува срцето, му се пркоси на времето, минливоста, со вино се наздравува за љубовта, ех колку песни ја опеале оваа божја напивка. Виното се поврзува за убави настани, слави, родендени, празнувања…а настан кој ќе ги собере винољупците на едно место е Скопски вински салон – Винодонија 2019!
Четвртото издание на единствениот и престижен вински салон во Македонија ќе се одржи на 29. и 30. ноември во хотел Marriot, во проширена и збогатена форма и содржина.
Ова е елегантен настан кој го слави виното и неговата магија и кој што го подигна нивото на винската култура во Македонија во изминатите години а организаторите најавуваат многу интересни содржини коишто ќе бидат објавени деновиве.
Автор
Сите Објави
Коментарите се затворени