5.8 C
Skopje
четврток, јануари 30, 2025
spot_img

Настан што не се пропушта: Сабота (9 април), Јавна соба – Сите производи на Слоу фуд на едно место

Оваа сабота (9 април) од 10-17ч сите сладокусци, подржувачи на домашни производи и иста таква храна, хедонисти, љубители на добар залак и добра капка, треба да го посетат пазарчето во Јавна соба. Еве зошто: Слоу Фуд Водно и Dobredojde Macedonia Welcome Centre ќе ви овозможат да дегустирате и купите нешто од богатата ризница на Слоу Фуд.
Вистински предизвик е на едно место да се најде се домашно и да се запознаат производителите, креативците, луѓе што со сета своја енергија и капацитет се вградени во производите што можат да се најдат во вашето мени.

Ова се учесниците и нивните производи:

*Слатки мали гастрономски уживања во Јавна соба: од колачиња, солени залчиња до џемчиња и слатка од Chef Маре Јаневска, членка на Алијансата на готвачи на Слоу Фуд Македонија.

*Валентина Митрова преку семејната приказана за неговото величеството тартуф, има многу производи од овој “црн дијамант“, вистински предизвик за гурманите, вграден во брендот ТУФ.

*Нацо и Бале Јовчевски од Слоу Фуд Битола се посветени на пчеларството и развиле домаќинска приказна која инспирира. Нивниот пчеларник „БН“се наоѓа во Дихово, планинско еколошко село на Пелистер и е формиран во 2005 година.

*Слатките волшепства на „Леска“ на алхемичарот Пеце Клечкаровски

*Мирјана и Бранко Ангелески ќе бидат со вас во сабота, а тоа значи да се запознаете со највкусниот мармалад од дива шипка, слатко и мармалад од капина и специјалитетот благо- луто.

*Игор Поповски го прави најубавиот кашкавал во Дихово, по традиционален рецепт и со млеко од своите овци.
Неговите производи во однос на индустриските производи се разликуваат по неколку клучни работи: млекото не се пастеризира, не се додава калциум, не се користи лимонтус во саламурата, не се користи регулатор на киселост, не се користи боја за обелување или пожолтување, не се користи парафин и восок за премачкување, не се користи млеко во прав итн.

*Убавините на „Моја бавча“ на Александра Лозановска од Демир Хисар ќе ја збогатат понудата на пазарот со домашен ајвар, малиџано, веге намаз, слатко од тиква, кантарионово масло, ѓувеч и многу други интересни деликатеси.

*Дамјан Гавриловски од Гостивар е познат и надвор од границите со своите месни преработки за кои користи месо, сол и љубов.
Неговата сланина секоја година освојува престижни признанија, а ја добива свежа од македонски производители на свинско месо што понатаму ја обработува во работилница по определен ред : стои во солило 21 ден, во пушница на чад од суво буково дрво се чади 15 дена, а за да биде подготвена за трпеза ѝ требаат уште 20 денови во сушара, каде по природен пат се суши на провев.

*Слаткото од диви смокви, првиот Президиум на Слоу Фуд Македонија на Гуна Маркова и Александра Картелова ќе ви овозможат да го дегустирате и купите овој вкусен деликатес.

*Уште еден тартуфар кој ни доаѓа од Тетово е Саша Стојчески, пасиониран собирач и преработувач на „црното злато“.

*Кцана сол со Стевче Доневски, најдобриот промотор на Кратово и Македонија.

*Ладно цедено масло од лешник.

*Производи од Наша Фарма, традиционално организирана фарма за органско, еколошко, здраво производство на кокошкини јајца.

*Членови и локални производители Страшко Милошевски со пријателите Дончо и Владо ќе ви ги пренесат убавините и вкусовите на Осоговските Планини со кои е возможно да го забавите стареењето.

*Душица Крстевска – ќе се претстави со своите еколошки производи, мармалад од сливи, џем од малини, џем од јагоди, слатко од дуњи и тестенини со јајца од селски кокошки

*ТМ БОРОЏУН со палета од три производи:
– Боров сируп без шеќер;
– Сируп од глуварче (без шеќер) – целата билка од глуварчето, вклучително и коренот;
– Сируп од врбовка (без шеќер).

* Љубителите на добра капка ќе се вљубат во V’K Fine Craft Rakija
Tрадиционална македонска лозова ракија, произведена во лозарскиот регион на Демир Капија, зреена во дабови буриња- минимум една година. Хармоничен, мек, затоплувачки и нежен вкус, со избалансирани ароми на овошје, даб, бадем и нежна ванила.

*Семејна Винарија Захарчев, бутик винарија од Кавадарци, насочена кон производство на вино од сорти на гројзе кои се карактеристични за Балканот и кои се речиси пред изумирање.

*Пивскиот салон и портал „САКАМПИВО.МК“ учествува со промоција на новите македонски пива од занетчиските пивари:
* ПИВОЛАБС – Скопје (FOKS PALE ALE, WINTER FUSION PUMPKIN ALE)
** CRAFT HOUSE CROWN ВЕЛЕС (IPA , PALE ALE)
*** ЗАНАЕТЧИСКА ПИВАРА БАКРЕВСКИ БИТОЛА (AMERICAN PALE ALE)
**** OLD TOWN BREWERY -СКОПЈЕ (WEISS, PORTER, IPA, PILSNER)
и пиво од сопствено производство

*Дарко Трајковски е млад пивски фанатик кој уште од 2015 експериментира во својата мала работилница.
На овој настан ќе се претстави со: Индија Пејл Ејл, Белгиско пченично, Германски Вајцен, Ирско Црвено, Колш од Келн и Минхенски лагер.

*Еколошка живинарска мини фарма Еко Јајце- Тетово заедно со останатите производители ќе ја презентира локалната храна

*„Мелем од вкусови“
Името е асоцијација дека храната е лек за физичко и ментално здравје. Салатите и житните оброци се пакуваат во тегла, (која што може да се рециклира или реупотребува), а воедно вкусот на истите е далеку подобар затоа што самите состојки се врзуваат поубаво.

*Green Republic / Зелена Република
Јадењето органска храна не е тренд, туку враќање кон традицијата и природата.
Вкусот е неспоредлив со конвенционалната храна!

*Буковска пипер со Даниела Мандровска која гордо ја продолжува традицијата на своите баби од с.Буково- Битола.

*Дрвени Додатоци-Wooden Accessories
Еко додатоците се дел од Пазар на Слоу Фуд производи

*Обвивки за храна
Наменети за чување на храна, особено на овошје, зеленчук, зачински растенија или леб. Обвивките „дишат“ и овозможуваат храната да остане подолго свежа, со што се намалува прекумерното фрлање храна, практични за одржување на свежината на половинки лимон, портокал, јаболко, авокадо, магдонос, целер, морков, кашкавал, леб итн.

Вања Тодоровска

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена