На пакувањето на кој било прехранбен производ – почнувајќи од виршли, преку готови супи, пудинзи, слатки, грицки, па се` до сувомесни производи, одзади се наоѓа долг список на загрижувачки хемиски продукти. Адитиви, конзерванси, вештачки бои, зајакнувачи на вкус и засладувачи, се само дел од нив.
Се проценува дека човек во текот на една година внесува пет до шест килограми адитиви.
Производителите објаснуваат дека тие соединенија го спречуваат расипувањето на намирниците. Иако адитивите се користат во строго одредени количини, фактот што ги има во се` што јадеме, ја зголемува нивната концентрација во нашиот организам и доведува до алергии, нарушувања и појава на болести.
Во продолжение ви претставуваме неколку најзастапени адитиви кои можат да бидат исклучително штетни врз здравјето.

ВЕШТАЧКИ ЗАСЛАДУВАЧИ (E420, E421, E950 do E970)
Во производите со назнака „без шеќер“ може да се сретнат аспартам или ацесулфам К, кои се од 200 до 600 пати поблаги од шеќерот, а консумирањето на овие намирници секако не е пожелно ако сакате да ги стопите килограмите.
Ги има во: газираните пијалаци, витамини во облик на бонбони, овошните јогурти, мастики за џвакање, житарките, мултивитаминските сокови, суплементи за вежбање, чаевите, пудинзите, чоколадите, мирудиите, преливите за салати, па и во некои пасти за заби…
Последици: Можат да ја влошат состојбата кај дијабетисот, предизвикуваат зуење во ушите, замаглен вид, несвестица, главоболка, депресија, замор, несоница.
ТРАНСМАСНИ КИСЕЛИНИ
Станува збор за вештачки масти кои се додаваат во преработената храна за да и се продолжи рокот на траењето. Колку е распространета нивната употреба најдобро покажува тоа што на одредени чоколада е истакнато „без трансмасни киселини“.
Ги има во: маргарините, бисквитите, грицки, пржената храна, пиците, крофните, наполитанките, солените стапчиња, плочките од ленено семе што се продаваат како здрава храна.
Последици: Трансмасните киселини го зголемуваат нивото на штетниот холестерол ЛДЛ, а го намалуваат добриот ХДЛ, зголемувајќи го ризикот од срцеви заболувања и мозочен удар бидејќи ги затнуваат артериите.

КАРАГЕНАН (E407)
Спаѓа во групата на најштетни адитиви. На производите во течна состојба им осигурува хомогеност и соодветен степен на густина, додека во сувомесните производи се става за да врзе што повеќе вода, за да бидат потешки.
Го има во: напивките од какао, кондензираното млеко, некоја детска храна, шунките, сладоледот, џемовите, мајонезите, сенфови, млеко во прав.
Последици: Потенцијален предизвикувач на рак на дебелото црево.
БОЈА НА КАРАМЕЛА (E150)
Наместо да се работи за растопен шеќер, бојата на карамела се произведува синтетички во реакција на шеќер, амонијак и сулфит.
Го има во: газираните пијалаци, сладоледите, слатките, готовите сосови.
Последици: Проблеми со штитната жлезда, црн дроб.

МОНОНАТРИУМОВ ГЛУТАМИНАТ (Е621)
Неговата задача е на готовите производи да им даде подобар вкус поради што уште го нарекуваат и „вкусен отров“. Денеска е речиси невозможно да се најде готов производ кој не го содржи. Тоа е токму она што на виршлите и покрај малиот процент на месо, им дава месест вкус.
Го има во: саламите, колбасите, виршлите, мирудиите, додатоците на јадењата, некои колачи, брзата храна, смрзнатите производи, производите за слабеење.
Последици: Ја нарушува работата на хормоните, создава хиперактивност кај децата, губење на помнењето, хроничен замор, губење на слухот, нарушувања на ендокриниот систем, нагли промени на крвниот притисок, главоболки и мигрени.
ФРУКТОЗЕН ПЧЕНКАРЕН СИРУП
Производителите често го користат овој сируп бидејќи е значително поевтин од шеќерот. Овој сируп е токму она што не` тера наместо една, да изедеме цела кутија со бисквити.
Го има во: газирани пијалаците, сокови, јогуртите, житарките, печивата, готовите супи..
Последици: Го зголемува количеството на масти во близина на срцето, црниот дроб и другите витални органи, поттикнува создавање на дијабетес, го забавува метаболизмот и лошо влијае врз работата на бубрезите.


