Најдобро печени костени
Засечете ја рамната страна на костените со нож. Загрејте ја рерната на 220 степени. Прелијте ги костените со поладна вода, оставете една минута да отстојат, па процедете.
Префрлете ги во плехче и печете 20 минути. Извадете еден костен (по можност најголемиот) и пробајте дали е печен. Ако сеуште не е готов, печете уште неколку минути, па повторно пробајте. Печете вкупно 30 минути, но внимателно, зашто лесно може да изгорат.
Фото- Pixabay
Коментарите се затворени