На лице место од Дубаи: Земја на среќа, блесоци и насмевки
Пилотот и убавата стјуардеса во сино бела униформа со златни еполети со насмевка ме пречекуваат пред влезот во авионот. Јас со себе ги носам коферите и полека се искачувам низ скалите до влезот во кабината. Тие ме поздравуваат и ми посакуваат добредојде.
Ова беше мојот сон кој во своите мисли го бев така изрежирала што секоја вечер истите слики, истите чувства на возбуда и радост, истата надеж дека еден ден јас и моето семејство ќе отпатуваме на далечниот континент и ќе започнме нов живот. Посакував моите деца да живеат покрај море, во безбедна и организирана земја каде луѓето ќе се почитуваат, ќе се вреднуваат и ќе успеваат поради своите професионални и човечки карактеристики. Не успеавме ние да се иселиме од Македонија, но, она во што успеавме благодарение на нашите деца сега е да патуваме низ светот во најпосакуваните дестинации во кои секој би уживал.
Така деновиве долетавме со една од најголемите, најбезбедните и најуспешни авиокомпании FlyEmirates во Дубаи. Визата ја добивме за два дена онлајн. Син ми вели овде се се одвива онлајн, не постојат папирологии, нема шалери, нема чекање, нема изговори, нема да нема.
За многу луѓе на планетава Емиратите и Дубаи се сон и ветена земја за многу млади луѓе кои можат тука да остварат се што ќе посакаат. На аеродромот ред и се се одвива многу бргу, бевме запознаени каде треба да се обратиме кога ќе слетаме, кој е излезот од аеродромската зграда, секаде табли за информации што и каде. Низ зградата има луѓе вработени кои ви стојат на располагање за подршка и помош. Веднаш имаш чувство како некој се грижи за тебе да не се почувствуваш изгубено.
На излезот од аеродромската зграда такси наредни во три четири колони, коли светнати и чисти бело црвени. Ве пречекува човек и ги упатува патниците во која кола да влезат. Нас според редот, ни следуваше големо комбе, се погледнавме со сопругот со прашање кој знае колку чини ова, тој не гледа и вели- ајде, ајде иста цена е.
Влаговме, таксистот не не остави да ги земеме ние куферите. Седнавме удобно и за 40м минути стасавме на нашата дестинација островот Рас Ел Кајм еден од сеумте Емирати. Волку осветлено се не сум видела до сега, светилки на дрвата во разни бои, водопади во боја. Раскошно, богато и величествено. И ние така се чувствувавме. На миг како да сме дел од некоја убава шарена приказна. Како е да се живее во Дубаи ? Кога ќе помислам само како ние на Балканот размислуваме дека светот се распаѓа, дека економијата пропаѓа, дека луѓето се вакви, онакви, никакви, дека нема иднина, Дубаи се развива, се гради, се унапредува и е меѓу првите три најсреќни земји во светот.
Во ресортот каде сме смесени живеат и престојуваат луѓе од целиот свет, нема локалци Емирати. Кога седиме долу на плажа или кога пиеме кафе во кафулето, апартманот не го заклучуваме. Ми беше чудно и имав нелгодност како да не затворам. Нема шанси да ти украде некој нешто, никој не зема нешто што не е твое но зошто е тоа така?
Ми вели една млада жена од Хрватска која живее тука веќе 5 години, има многу работи кои ги сакам тука во Дубаи, со многу нешта не се согласувам, некои нешта би ги променила но, се вкупно- го обожавам. Го обожвам поради тоа што никогаш не сум чула некому да биде нешто украдено, ниту некој да биде нападнат на улица. Кога одам во ресторан можам слободно да ја оставам ташната, телефонот, новчаникот, клучевите од кола, знаејќи дека никој нема ниту да ги допре. Законите, вели таа, се многу строги, строги се и кај нас ама никој не ги почитува. Тука законите се почитуваат и тоа на граѓаните им влева доверба и сигурност. Разговорот беше многу интересен за мене, се чудам како е можно да постои ваква земја со ред и поредок.
Што те воодушевува посебно од животот во овие 5 години во Дубаи- ја прашувам Миланка од Дубровник, а таа вели, за овие години никогаш не сум чула расправија или кавга во некој јавен објект ниту пак на социјалните мрежи. Големи затворски казни или депортација може да се случи веднаш доколку ги нарушите некои од овие правила и закони. Ако само се обидеш да навредиш некого со недолично или непристоен вокабулар, те повикуваат и казните се големи. Човекот од таксито на прашање која е најголемата казна за сообраќан прекршок вели, ако поминеш на црвено те сметаат дека си направил кривично дело, обид за убиство, ти ја земат колата веднаш и плаќаш голема казна, па ти види сега.
Импресионирана, восхитена и со доза на среќа да бидеш во земја која е толку многу различна културолошки, религиски а има космополитско однесување кон различните во секој поглед. Убаво е чувството макар и на кратко да се биде тука каде си почитуван, добредојден и слободен. (продолжува)
Наде Молеровиќ, едукатор, мотиватор и говорник
Коментарите се затворени