5.8 C
Skopje
четврток, јануари 30, 2025
spot_img

На 13 септември Бајага концертно во Скопје: Сеуште мислам дека само љубовта ни е потребна

На 13-ти септември, во организација на Авалон продукција, на Стадионот на АРМ ќе се случи славеничкиот концерт на Бајага и Инструктори, а поводот се 35 години траење на бендот, кариера и музика. Со здружени сили, заедно со нашата Филхармонија и хорот, под диригентската палка на Војкан Борисављевиќ, ќе уживаме во два часа музика, стари сакани песни со и во нови аранжмани, и како што на денешната средба со новинарите рече Бајага, ќе имаме прекрасна вечер.


Инаку, поради пандемијата, ова е првиот концерт годинава на Бајага, кој беше максимално професионален и пред средбата со новинарите во Скопје, дојде директно од Белград, со направен корона тест.
Не забележавме траги од умор, иако пристигна нецели десетина минути пред пресот. Напротив, љубезно одговараше на прашањата, па така и дознавме дека за времето на пандемијата создавал и творел, а резултатот на неколкумесечна социјална апстиненција ќе биде албумот „Овај свет се мења“.
Да, сакавме да работиме за да не полудиме- во шега рече Бајага, велејќи дека целиот период на пандемијата всушност ги откажувал концертите.
Бајага на концертот во Скопје ќе ги изведе песните што секој втор човек ги памети, и кои се изгравирани од времето, на левата страна, кај срцето. И токму затоа е драгоцен овој музичар и неговиот романтичен белег, бидејќи со него повторно сме млади, иако:
На нашите настапи доаѓаат генерации кои растеле и созревале со нас, но и некои нови клинци кои не биле родени во времето на најголемите хитови. И затоа концертите ни се како – општонародна веселба. Мотото што сеуште важи е – се што ни треба е љубов, затоа што ова чувство го движи и разубавува светот, и е единствено вистинско „уточиште“. Не мислам дека со времето љубовта исчезнува, туку само се менува, навистина, само љубовта, во најразлични облици ни е потребна.“


И покрај евидентно изодениот музички стаж, годините и законот на гравитацијата што никого, ниту пак Бајагиќ го амнестираше, сепак за многумина Бајага (1960) е вечното момче од естрадата и симбол на земјата што веќе ја нема .
Тој и Инструктори се едни од најпознатите бендови на просторите на бивша Југославија а нивните најуспешни албуми создадени во 1980-тите со сигурност се дел од она славно, златно време на југословенскиот рокенрол.
Албумот „Са друге стране јастука“, дефинитивно се смета за најдобриот поп-рок албум на просторите на бившата заедничка држава.
Да, Бајага се одржа толку многу години и како автор и како музичар а неговата биографија е дел од неопходната лектира.
Неговите почетоци се поврзани со „Рибља чорба“, каде што беше еден од главните автори („Лутка са насловне стране“, „Кад ходаш“) се до 19 јули 1984 години. Крајот на една, значеше почеток на втората приказна, која резултираше со првиот албум „Позитивна географија“, а бендот го доби името – „Инструктори по позитивна географија“, кое со години се скрати на „Инструктори“.
За тој период Бајага вели „Не знам дали на кој било друг албум сум се радувал како на тој. Своето прво издание го чекаш и го подготвуваш цел живот, а веќе второто го создаваш за една година. Првиот албум е најлесно да го направиш и ако за него немаш идеја, нема да имаш ниту за седмиот или осмиот. Можеби немаш искуство во занаетска смисла, но тоа му дава на материјалот посебна топлина и искреност. Во принцип, денеска ништо не би менувал одтогаш, затоа што ’Позитивна географија‘ беше слика на тоа време“.
Потоа се редеа – „Са друге стране јастука“ (1985), „Јахачи магле“ (1986) „Продавница тајни“ (1988), „Музика на струју“ (1989), „Од бижутерије до ќилибара“ (1997), „Змај од ноќаја“ (2000), „Шоу почиње у поноќ“ (2005) , „Даљина дим и прашина“ во 2013 година, и последниот „У сали лом“ од 2018 година, албум што го продуцира Саша Хабиќ („Јахачи магле“), а го издадоа и ПГП-РТС и Кроација рекордс.

Вања Тодоровска                                                   Фото- Стефан Рајхл

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена