6.8 C
Skopje
петок, јануари 31, 2025
spot_img

На 20 мај во Прилеп: Акустичен концерт на „Мак-Акус“

Под слоганот „Прилеп сака македонска музика“ од 20-ти мај во Центарот за култура „Марко Цепенков“ отпочнува реализацијата на музичко сценските настапи на популарни македонски изведувачи, кои на еден оргинален начин ќе ја анимираат публиката, а идејата ја осмисли новата “Авангард продукција”, која мошне амбициозно го најави петмесечниот серијал во кој ќе доминираат атрактивни и пред се квалитетни македонски артисти.
После подолго време прилепчани ќе имаат можност да уживаат во концертниот настап и за прв пат во живо да го чујат фантастичниот квартет “МАК-АКУС”, кој го сочинуваат Џина Папас Џокси, Жаклина Стевковска, Јаков Дренковски и Александар Јаблан. Овој квартет е препознатлив по акустичната изведба на гитари и посебно избраните песни напишани од домашни автори и поети кои аранжмански се прилагодени за акустичниот амбиент и емотивно влијаат на публиката.
После Скопје, Прилеп е втор град кој ќе има привилегија да ужива во овој сценско-музички уникатен формат на автентични уметници кои годинава одбележуваат респектабилен 45 годишен јубилеј од постоењето и делувањето на македонската музичка сцена.

Првот човек на “Авангард Продукција”, Александар Велковски вели дека овој раритетен концерт е само почеток и вовед во убавата музичка пролет во која не очекуваат несекојдневни артисти и музички аниматори за сите вкусови и генерации.
Влезниците за концертот на “Мак-Акус” во Прилеп се веќе пуштени во продажба и можат да се купат по цена од 250 денари во Тобако дуќаните на плочникот, наспроти Саат кулата и во центарот на градот.
Не заборавете: 20ти мај со почеток од 20.00 часот во големата сала на Центарот за култура “Марко Цепенков” ќе може да уживате во настапот на “МАК-АКУС”.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена