Без сомнение, тропските жештини повторно се актуелни. Доколку одвреме-навреме сакате да се одморите од клима-уредите, пробајте некои невообичаени методи на разладување
Облекувајте се како луѓeто во тропските земји
Оние што животот го минуваат на високи температури, облекуваат широка облека, лесен памук и лен. И бизнисмените носат костуми, ама тие се од посебно ткаен памук, кој поради ребреста структура скоро и да не се лепи за кожата. Сетете се на мексиканската кошула гуајабера, која е скроена да ве разлади природно. Не ставајте ја кошулата во панталони за да имате струење на воздухот.
Облоги од вода
Кога како дете се разболувавте мајка ви ставаше ладни облоги. Разладете се пуштајќи ја ладната вода да ви тече по зглобовите. Повторувајте го тоа секој час. Со вода разладувајте го челото и слепоочниците. И погрижете се да пиете доволно вода.
Не јадете – грицкајте
По обемниот оброк, па сеедно ако е тоа и сладолед, се зголемува телесната температура. Но посебно можат да ве згреат протеински оброци. Решение се помали порции од кои ќе грицкате нешто – ситно.
Јадете луто за да се потите
Латиноамериканците, Индијците и Тајланѓаните живеат во најтоплите краишта. А таму ја сервираат и најлутата храна. Причината е тоа што поради лутото се потат, а телесната температура не се зголемува. А штом кожата е влажна, поради испарување доаѓа и до разладување.
Спијте на ладни чаршафи
Не користете ја зимската постелнина која грее, туку онаа што лади – лен е одличен избор. Освен тоа можете да ја ставите на час-два во фрижидер и да легнете во – разладена постела.
Фото-Pixabay
Коментарите се затворени